Во Сараево Форум за интеграција на Ромите

Шахпаска: Работиме на создавање услови за домување на Ромите и на мерки за вработување

Во предучилишното образование во Македонија бесплатно се вклучени 400 деца Роми во јавните градинки, додека за средношколците и студентите Роми се поделени 700 стипендии, информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на Форумот за интеграција на Ромите што се одржува во Сараево.

На панелот на кој се дискутирало за напредокот на секоја земја, Шахпаска кажа дека во земјава преку конкретни проекти се работи на задоволување на потребите на Ромите за обезбедување соодветни услови за домување.

„Паралелно интензивно работиме и на креирање и имплементација на активни мерки за вработување со кои се таргетирани и Ромите, со цел и оние што се со пониско ниво на образование да ги вклучиме на пазарот на трудот. Си поставивме задача да развиеме Програма за трансформација на непријавената работа кај Ромите, со цел до крајот на 2025 година да ја намалиме непријавената работа од 39 на 25 проценти“, порача Шахпаска.

Таа додаде дека со добра динамика се имплементира и Законот за лица неевидентирани во Матичната книга на родените, но и дека во тек е подготовката на Законот за домување кој ќе содржи посебна глава за социјално домување на која работи Министерството за труд и социјална политика.

На состанокот којшто е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за соработка учествуваат министрите од Западен Балкан кои се одговорни за интеграцијата на Ромите, а преку видео порака се обратија и Оливер Вархеји, комесар за проширување на Европската Унија, како и Михаел Рот, германски државен министер за Европа.

„Изминатиов период, од Самитот на лидерите на Западен Балкан во Познањ во јули 2019, па сѐ до денешниот состанок се покажа како еден од најпродуктивните периоди на регионално ниво, кога е во прашање унапредувањето и интеграцијата на Ромите. За Република Северна Македонија ова беше период кога на дневна основа се работеше на сите горливи теми кои се поврзани со интеграцијата на Ромите – образованието, вработувањето, домувањето, регулирање на матичната евиденција… Кога работиме заедно, кога имаме меѓусебна поддршка, кога споделуваме искуства резултати мора да има“, изјави Шахпаска во обраќањето.

Таа информираше дека преку ИПА 2 програмата започна проектот за измена на генералните и деталните урбанистички планови во пет општини со доминантно ромско население, по што 170 индивидуални куќи и живеалишта на ромски семејства ќе бидат реновирани или реконструирани. Интеграцијата на Ромите, според Шахпаска, мора да биде сеопфатна што значи дека со процесот на зелена агенда и на дигитализација, на кој како држава интензивно мора да бидат опфатени и овие граѓани.

На крајот на Вториот министерски состанок беа усвоени заклучоци за натамошниот процес на интеграција на Ромите, кои се очекува да бидат поддржани на Самитот на лидерите на Западен Балкан во рамките на  „Берлинскиот процес“, што ќе се одржи на 5 јули, во Берлин, Германија.

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе