Шахпаска од Штип: Им излегуваме во пресрет на работниците и работиме на нивните права

Министерството за труд и социјална политика посветено работи излегувајќи во пресрет на правата на работниците. Минататта година работевме на системскиот закон за работни односи и после изборите ќе отвориме широка дебата во која ќе бидат вклучени сите чинители од општеството. И при подготовката на законот учествуваа сите чинители, работниците претставени преку синдикатите и работодавачи преку Организацијата на работодавачи, социјалните партнери на Економско социјалниот совет, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, која учествуваше на традиционалната текстилијада што секоја година во октомври се одржува во Штип.

Посочи дека дошле на традиционалната текстилијада за да разговараат за тоа што претставуваат прашањата кои се однесуваат на работничките права, на правата кои произлегуваат од работниот однос.

„Знам дека работниците со нетрпение го очекуваат новиот системски закон, затоа што во поповолен правец ќе бидат регулирани договорите за работа на определено време, ќе се скрати овој долг период од пет години кој беше досега. Ќе има измени и во делот на регулирање на породилното боледување, сакаме да ги вклучиме и татковците во овој процес заедно со мајките на нивните потомци. Минатата година донесовме измени на Законот за работни односи во делот на пензионирање со 64 години возраст со тоа што доколку жени со наполнети 62 години возраст изразат желба можат да отидат во пензија“, рече Шахпаска.

Потенцира дека можат да се пофалат со законот за недела – ден на неделен одмор, законско решение кое го работеле од ноември минатата година, кое е заглавено на второ читање во собраниската Комисија за труд.

„Жал ми е што опозицијата не излезе во пресрет на работниците и ова право да биде испорачано во септември, но многу брзо после започнување со работа на Собранието во ноември ова законско решение ќе биде изгласано и работниците ќе можат и ова право да го уживаат на еднаква основа со останатите граѓани и неделата да ја поминат заедно со своите семејства. Минатата година учествувавме во креирањето на шесте финансиски пакети за поддршка на работниците преку субвенционирање односно давање финанскиски средства на работодавачите во делот на исплата на плати и останатите други финансиски придонеси во правец на доделување на потребите на социјално ранливите категории граѓани и генерално на сите“, истакна Шахпаска.

Во делот на непочитување на работничките право, појасни, бевме информирани на неделно ниво затоа што постојано одржувавме zoom состаноци со Гласен текстилец, со невладините организации кои работеа во делот на работничките права, со Инспекциски совет, со Државниот инспекторат за труд.

„Како социјалдемократска Влада за нас грижата за работниците како основниот и најважниот човечки капитал во нашето општество претставува врвен приоритет. И натаму во иднина заеднички ќе работиме со нив...,“ додаде Шахпаска и посака успешна работа на текстилијадата.

Одговарајќи на новинарско прашање таа рече дека цело време работат во насока да ги адресираат потребите на работниците и новиот систем Закон за работни односи, кој е прв од 2004 година детално ги има изработено деловите во кои постоеле можности за да бидат заобиколени, толкувани на друг начин, а на штета на работниците. Според неа, ова е системско решение кое заедно ќе го доработат преку широка јавна дебата заедно со работниците, работодавачите и со социјалните партнери.

Директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска рече дека работат на јакнење на нивните капацитети.

Во 2021 година имаме 22 нови вработувања, значи 22 нови инспектори кои се распоредени токму во оние подрачни единици каде капацитетот беше намален. Планот за вработување за 2022 година е дополнителни најмалку уште 25 инспектори кои секојдневно ќе бидат на терен и ќе ги штитат интересите на работниците и ќе го следат примената и почитувањето на законот, на подзаконските акти...со цел за да имаме доследна примена на законите од сите правни субјекти. Започнавме со обуки за новиот софтвер е-инспектор на кој сите инспекциски надзори се прават електронски, се отстранува субјетивност на инспекторот или какво било негово незаконско постапување кога оди во надзор.

Од 1 јануари 2022 секој инспектор во Државниот инспекторат за труд, додаде таа, инспекциските надзори без оглед дали се редовни, вонредни или контролни, ќе ги прави на софтвер каде директно се прикачува записникот, ќе нема негово менување, директно ќе се прикачува решението и ќе се дава на работодавачот.

Сите 30 подрачни одделенија во државата ни се покриени, меѓутоа во Скопје најмногу инспектори недостигаат, затоа што најголем број од активните правни субјекти се во Скопје. И годинава и следната најголем број од вработувањата ќе бидат во Скопје, меѓутоа не ги забораваме и градовите од источниот и јужниот дел од државата каде заради пензионирање има намален број инспектори, додаде Тренчевска, одговарајќи на новинарски прашања.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе