Собраниска комисија

Шахпаска: Од 1 јануари недела ќе биде ден за неделен одмор

Законското решение кое предвидува недела да биде ден на неделен одмор ќе почне да се применува од 1 јануари наредната година, одлучија пратениците на денешната седница на собраниската Комисија за труд и социјална политика. 

Според министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, Предлог законот за работните односи кој помина во второ читање и кој предвидува недела да биде ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Таа очекува пратениците  да го поддржат ова законско решение и на пленарна седница, бидејќи законот е во интерес на 92 проценти од работниците во Македонија.

 „Со ова решение ги штитиме правата и на оние осум проценти од работниците што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што се превидува дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во наредните седум дена. За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци,  додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела”, рече Шахпаска.

 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе