„Грижата за сите граѓани подеднакво е наш приоритет. Дел од социјалната реформа која што ја спроведуваме изминатиов период е и обезбедување на поддршка за децата и семејствата на кои им е потребна и нивно вклучување во активности надвор од домот, како што се Дневните центри. На тој начин ја зголемуваме и вклученоста на децата со попреченост во заедницата“, истакнала министерката Шахпаска.
Таа посочила дека намалувањето на старосната граница од 18 на 6-годишна возраст на децата со попреченост за личните асистенти е уште една од заложбите на Владата и Министерството како надлежно, која како социјална услуга наскоро ќе биде достапна на оние на кои им е потребна. На овој начин, според неа, се отвораат нови работни места, но истовремено се овозможува и одмена на родителот или членот од семејството во неговата грижа.
Соговорниците се согласиле дека соработката и поддршката ќе продолжи и понатаму , во насока на обезбедување подобри услови и можности за лицата со попреченост како составен дел од заедницата, од општеството.