Дебата во Бундестагот

Северна Македонија е успешна приказна која треба да биде охрабрена, порача Димитров во Берлин

Мојата земја денес, Северна Македонија, е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров во вчерашното обраќање во германскиот Бундестаг на дебатата „Западниот Балкан по решавањето на прашањето за името: постигнувања, предизвици и перспективи“.

„И покрај тешката политичка ситуација во Европа денес, претстојните европски избори, како и сите прашања кои се поврзани со тоа, едноставно го немаме луксузот да не успееме во создавањето успешни приказни. Мојата земја Северна Македонија денес е успешна приказна која треба да биде охрабрена и поддржана ако сакаме да направиме разлика. Најголемата научена лекција од сето ова е дека ние можеме да направиме разлика. Ништо од ова, ниту помирувањето, ниту Преспанскиот договор не беше неизбежно. Напротив, се случи бидејќи ние тоа го направивме, заедно со лидерството во Атина“, кажа Димитров.

Тој во Берлин претходно имаше средби со Јан Хекер, советник за надворешна политика на канцеларката Ангела Меркел и со пратеникот Метин Хакварди на кои побарал препознавање на македонскиот успех од страна на ЕУ со што Унијата ќе го зголеми влијанието на ЕУ на Балканот, а станало збор и за реформите, за добрососедството, за потребата ЕУ да го потврди заедничкиот успех, мотивирајќи го целиот регион.

Дебатата во Бундестагот ја организираа парламентарните групи на Зелените и на германската секција на Унијата на Европските федералисти, во која членуваат пратеници од четири политички партии – ЦДУ/ЦСУ, социјалдемократите, Зелените и либералите.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе