Попис 2021

„Северна“ го намали интересот на Македонците од дијаспората да се попишуваат

Официјално до 23 август на самопопишувањето на македонската дијаспора се попишале 190.540 лица. Според бројот на лицата во државите во кои се попишале најбројни се лицата од Швајцарија, Германија, Италија, Австрија... Во долниот дел на оваа табела се Австралија, Канада, САД... Македонците од дијаспората се едногласни во оценката дека преименувањето на државата е главната причина за нивната недоверба кон оваа влада.

Според пописот од 2106 година во Австралија живеат 98.444 Македонци. До 23, август на актуелниот попис на Државниот завод за статистика на Северна Македонија се самопопишале 2.518 Македонци. Во Канада таа бројка е 1.688. Проценките на македонските организации во Канада велат дека тука живеат 200.000 Македонци. Само во Торонто живеат околу 40.000 Македонци.

Според Светската банка (2010), бројот на македонски граѓани во прекуокеанските земји, европските држави и други земји изнесува 422.084. Најмногу македонски граѓани се иселиле во Италија (101.536), Германија (99.646), Австралија (93.571), Швајцарија (61.668), Турција (35.308), Србија (25.847)…, велат бројките на Светска банка.

Зошто Македонците од дијаспората не сакаат да се пријават на актуелниот Попис 2021 во Македонија?

Спопред Македонците од Канада и Австалија главната причина за тоа е преименувањето на Република Македонија во Република Северна Македонија. Дел од овие организации во Австралија и официјално го прогласија премиерот Зоран Заев за непожелна личност. Владее целосна недоверба кон оваа власт по сите одлуки на актуелната влада поврзани со условувањата од Грција и Бугарија на евроинтеграцијата на Македонија.

Голем е бројот на Македонците кои имаат југословенски пасош и кои поради комплицираните процедури сѐ уште не дошле до македонски пасош, до матичен број од Република Македонија. Сите овие околности предизвикаа речиси целосен бојкот на радио станиците на македонски јазик во овие земји на објавувањето на државните реклами и повици за попис на населението.

Освен тоа, македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи заедно со дел од министрите Албанци во македонската Влада пролетва беа главно насочени кон посети на албанската дијаспора во Швајцарија и Германија и убедувања и уверувања дека е неопходно да се попишат. Такви посети и акции од македонскиот премиер и министрите Македонци речиси и да немаше.

А.Д.

 

Еве во кои држави најмногу се самопопишаа Македонците кои имаат некаков македонски документ:  

Швајцарија                  62.466

Германија                    43.296

Италија                        26.865

Австрија                      11.042

САД                               8.189

Белгија                          4.621

Данска                           4.081

Словенија                      3.488

Шведска                         3.341

Австралија                     2.518

Обединето Кралство     2.490

Турција                           2.155

Норвешка                      1.947

Франција                        1.762

Канада                            1.688

Хрватска                         1.482

Косово                            1.151.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе