СЕП го објави деталниот извештај за имплементација на Планот 3-6-9

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на полноќ на својата веб страница го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9. 

„Денеска, 17 април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt“, информираат од СЕП.

Во изминатите девет месеци, според оценката од СЕП, Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, а како доказ го посочуваат успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, односно реализацијата на над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина.

„Делот девет т.е севкупно Планот 3-6-9 завршува денеска, односно со излегувањето на Извештајот на Европската комисија. Согласно испорачаните резултати т.е. успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, истиот треба да биде крунисан со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата“, се додава во соопштението од СЕП.

Оттаму велат дека со Планот 3-6-9 не завршуваат реформите, туку реформската агенда ќе продолжи и во иднина во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите и забелешките што се очекуваат во денешниот Извештај на Европската Комисија.

Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада за да се одмрзне реформскиот процес и државата да се врати на евроатланскиот пат. Планот беше поделен на три делови, според роковите во кои се имплементираа реформите. Првиот дел беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, а вториот дел со излегувањето на Стратегијата на Европската комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан.

Универзитетите повеќе не се место за натпревар помеѓу кандидатите во креација, научна продукција и сл., туку место за „вдомување“ на партиски активисти.

повеќе

Спортските организации својата активност премногу ја имаат насочено кон дејноста спорт како игра, тренирање или бизнис, а не кон спортот како социјална потреба во функција на подобрување на општествените состојби.

повеќе

Н е јасно како оваа одложена покана е поразлична од онаа од Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година.

повеќе