Афера „Двојник“ или „Мафија“

Сенар Елтер - за Турција терорист, за македонското МВР македонски државјанин со украден идентитет

На 20 ноември 2018 година во управните служби на македонското Министерство за внатрешни работи во Скопје влегува Сенар Елтер, турски државјанин, пополнува барање, го фотографираат, му земаат отпечаток од прстот и станува македонски државјанин со украден идентитет на Нијази Тола. На 22 ноември 2018 година Елтер, како Нијази Тола излегува од Македонија, иако по него имало распишана меѓународна потерница уште од 2015 година од Интерпол Анкара. На 26 февруари годинава МВР го открива неговиот идентитет.

Сенар Елтер е припадник на Унијата на заедниците на Курдистан, движење на Абдула Оџалан, кој во Турција е осуден на 7 години и 6 месеци затвор за членство во терористичка организација и по него од 2015 година има меѓународна потерница.

Елтер стана познат за време на судењето на 16 курдски политичари во турскиот град Ван во 2012 година, кога советници и градоначалникот Бекир Каја, беа осудени за членство во терористичка организација за исполнување на целите на движењето на Абдула Оџалан.

Откако во 2013 година беше пуштен од притвор, во 2013 година Елтер изјавува  дека сега е важно да се ослободат и другите затвореници и пријатели на Абдула Оџалан.

Од 2009 година партијата на Реџеп Таип Ердоган ја смета курдската партија како главен непријател на Турција.

Во аферата „Двојник“, која за опозицијата е афера „Мафија“, осудени се 11 лица, од кои деветмина службеници во МВР со највисока казна од три години затвор. Се работи за афера во која МВР со украдени идентитети издало фалсификувани пасоши на 215 лица, а голем дел од нив биле пасоши за познати нарко босови и водачи на криминални банди и кланови од регионот и светот.

                                                                                                                           А.Д.

Познат разбојник од Албанија со меѓународна потерница без проблем извадил македонски пасош со украден идентитет 

Војната меѓу клановите Кавачи и Шкаљари се водеше со македонски пасоши со украдени идентитети

Со две потерници за перење пари Елвис Влади влегува во МВР и без проблем добива македонски пасош

Припадници на ИСИС со македонски пасоши слободно шетале по светот

Четворица светски наркобосови лани во ист ден добиле македонски пасош

 

Бобан Томовски, соработник на Седат Пекер, приведен на аеродромот во Истанбул

Седат Пекер преку видеопораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

ВМРО-ДПМНЕ: Балкански мафијашки босови легално си добивале македонски пасоши со помош на Заев и Спасовски

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе