НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО ДОГОВОРОТ

Селмани: ЗНМ нема да учествува во преговорите за договореното ад-хок тело за медиуми (ВИДЕО)

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) нема да учествува во предвидените партиски консултации со новинарските организации за  формирање на ад-хок тело кое ќе го мониторира медиумското известување.

Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани договорот уште повеќе го партизира медиумскиот систем и затоа Здружението  нема да дадат легитимитет на таков договор.
„Сто дена пред избори ќе имаме институции растргнати меѓу партиските интереси и влијание. Ад-хок партиското тело во рамките на Агенцијата за медиуми е неприфатливо за нас. Единствено решение е избор на нов Совет на агенцијата каде ќе се изберат независни и стручни лица. Затоа ЗНМ нема да учествува во партиските консултации за фомирање на ова тело, затоа што не сакаме да легитимираме неодржливи партиски решенија кои нема да бидат во интерес на новинарите. Секоја друга можност што ќе ја имаме ќе алармираме и ќе ја информриаме јавноста дека тие решенија се неприфатливи“, изјави Селмани.

Тој најави дека ЗНМ и понатаму ќе врши притисок и ќе ги алармира сите меѓународни организации за ситуацијата доколку во општеството нема критична маса, бидејќи не може никој од надвор да наметне стандарди и правила на однесување. 

Ад-хок телото е дел од договорот меѓу четирите политички партии кои ќе одберат четири члена, од кои едниот ќе биде Албанец, а четворицата избрани четврорица, ќе имаат 15 дена со консензус да го изберат петтиот член.

Телото треба да се формира 30 дена по вчера постигнатиот договор. Ќе функционира до завршувањето на изборниот процес и ќе врши проценка на балансираното известување. Првиот прекршок што ќе го регистрира ад-хок телото, ќе биде санкциониран со предупредување, а евентуалниот втор сноси парични казни.

Во Договорот се предвидува и најголемата опозициска партија да именува уредник на информативната редакција на МРТВ од експерти на ова поле, кој ќе биде на функцијата сто дена пред избори.

„Апсурдно е решението за МРТВ, партискиот уредник на власта ќе се замени со партискиот послушник од опозицијата, со што уште повеќе ќе се засилува партискиот притисок врз МРТ која наместо сервис на граѓаните, ќе биде заложник на партиските интереси. Ако сакаме независен и професионален јавен сервис, раководните структури на МРТ треба да се департизираат и да се обезбеди независен и одржлив извор на финансирање“, рече Селмани.

Според него, вчера потписниците на Пржино покажале дека нема партиска волја за вистински реформи во медиумите.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе