ВО ИНТЕРВЈУ ЗА РСЕ

Селмани: Со предлозите на Ванхојт против црната кампања во медиумите

Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани во интервју за Радио Слободна Европа зборува за интервенциите кои се потребни да се прифатат во следниот период во медиумската сфера, а со цел деполитизација и департизација на медиумите и овозможување балансирано известување. 

Селмани потврдува дека преговорите за медиумите како да заглавија во ќор-сокак, а тоа смета е по вина на владејачките партии. Бидејќи, како што вели, системот на владеење на оваа владејачка гарнитура е таков што без медиуми тие не би можеле да ја продадат приказната во којашто ја убедуваат македонската јавност.

„Чудно е што ДУИ на почеток ги поддржуваше предлозите на господинот Ванхојт, а во меѓувреме се откажаа и сега застануваат на страна на ВМРО-ДПМНЕ, коишто практично предлагаат ништо да не се смени. Веројатно тоа се односи меѓу коалиционите партнери и ние можеме само да претпоставуваме што стои зад премислувањето на ДУИ да се откаже од поддршката на ставовите на Ванхојте. Веројатно се работи за притисоци, закани, уцени, само тие знаат, меѓутоа битно е што сега во преговорите имаме таква позиција што опозицијата ги поддржува ставовите на господинот Ванхојт, додека власта силно се спротивставува“, вели Селмани, очекувајќи меѓународната заедница, како еден од гаранторите, треба прво да најде начин да ги деблокира тие процеси и со притисок и од американската администрација и од ЕК да ги натера владејачките партии да се откажат од тие позиции.

Смета дека предлозите и решенијата на Ванхојт ги инкорпорираат барањата на новинарската заедница, медиумската заедница и на медиумите. Односно, како што вели, предлозите не се негови предлози, туку тоа е компилација од предлозите од сите чинители во општеството, со кои целосно ќе одговориме и на забелешките на последниот извештај од Европската комисија. Ако се реализираат предлозите на Ванхојт, Селмани смета тоа ќе се почувствува врз црната кампања и вестите нема да ни почнуваат со коментари.

Исто така, Селмани смета дека меѓународната заедница сфатила дека без деполитизација и департизација на медиумскиот систем ние немаме услови за фер избори.

„Јас мислам дека оваа власт, без жесток притисок од меѓународната заедница, нема да прифати системски решенија за промени во медиумскиот систем. Сега во овие медиумите не се презентираат информации, се презентираат извртени информации, спинови, извртувања, подметнувања, црна кампања и граѓаните тоа ќе имаат можност да го слушаат и врз основа на тие ’информации’, ќе донесат одлука и тоа е целта на владејачката гарнитура“, вели Селмани.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе