Реакција

Села за повикот на Заев за помирување: Не си цар да простуваш, туку само премиер

Зијадин Села, лидерот на Алијансата за Албанците, за вчерашниот повик на премиерот Зоран Заев за помирување и за настаните од 27 април минатата година, преку својот фејсбук-профил му порача на Заев дека не е цар за да простува туку само премиер на држава.

„Не знам дали премиерот Зоран Заев имал семејни или лични проблеми на 27 април кога  подаде рака за помирување.

Ако тој мисли за случувањата на 27 април во Собранието, тогаш треба да знае дека не е над институциите и правдата. Тој е избран за премиер на државата, а не за цар“, напиша Села, кој за време на собраниските настани на 27 април минатата година помина со сериозни повреди на главата.

 

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе