Предвремени парламентарни избори

Села: Во Сарај се случи „полнење на кутии"

Коалицијата „Сега е време" предводена од Алијанса за Албанците и Алтернатива води во поголем број општини во ИЕ 6. Ова вечерва го изјави лидерот на АА, Зиадин Села, кој истакна дека тие водат во Гостивар, Боговиње, Неготино и Врапчиште, како и во Теарце и Брвеница.

„Чекаме резултати од Тетово. Ситуацијата во овој град е изедначена и балансирана. Голем успех имаме во Арачиново и оваа општина е вратена како бастион на Албанците, во општина Гази Баба и во легендарното Куманово. Победуваме и во Студеничани. Успех имаме и во Сарај, но тука се случи феноменот на полнење кутии. За овие случаи ние ќе поднесеме приговори, за некои села и, се разбира, чекам резултати нашата коалиција да излезе победничка“, рече Села.

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето излагање им се заблагодари на активистите за големата битка и искреноста што ја покажале во изминатите денови на кампањата.

„Мислам дека оваа волја на Албанците што се кристализира сега, многу време и по овие избори ќе извојува победа во албанскиот блок. Сегашните бројки што ги имаме покажуваат дека ќе имаме тесен резултат со една предност што ние очекуваме да ја имаме. Народот го кажа своето, ние го почитуваме нивното право и глас. Но тие што ги наполниле кутите не се гласот на народот. Тој глас нема да го прифатиме“, рече Гаши.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе