Брифинг во Алијанса за Албанците

Села: Сметот е време да се исчисти, доста е од факултативните Албанци на ДУИ

Време е сметот од државава да се исчисти, зашто ни е потребно чисто општество во кое граѓаните ќе кажат дека им е доста од ДУИ и од нивните факултатитвни Албнци, суштества без дигнитет, кои ги менуваат своите ставови и позиции во зависност од тоа со кого се и какви промени на политичката сцена извесно дека доаѓаат, изјави на денешниот брифинг со новинарите лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села на прашањето на МКД.мк дали со неговите зборови за чисто општество најавува програма која ќе ѝ парира на „зелената агенда" на ДУИ.

Села рече дека Алијанса за Албанците, како и нивниот коалициски партнер Алтернатива, со која партија ќе трчаат и на есенските избори, од самиот почеток и програмски и практично се залагаат за чиста животна средина, но дека ДУИ смета дека граѓаните имаат кусо паметење па сега своите неуспеси ќе се обидат предизборно да ги покријат со некаква програма за чиста животна средина.

„Но, државава има потреба од чистење и на политичкиот смет, во прв ред од 'зелените" во ДУИ. Тие за парламентарни избори се претставуваат како УЧК, а за локални избори како 'зелени', не оди тоа така пред граѓаните, тие знаат во каква животна средина живеат, особено таму каде што на власт е ДУИ. Па, самите направете разлика - како е во Тетово, а како е во Гостивар на пример, има ли добро уредени велосипедски патеки кај нивната градоначалничка, има ли вода за пиење за сите граѓани?", рече Села.

На прашањето како гледа на разногласието во ДУИ, на изјавите на Изет Меџити контра на лидерот Али Ахмети, Села рече дека доволен факт е дека во ДУИ нема избрано Централно претседателство, дека нема ниту секретар на партијата.

„Значи ли тоа дека Ахмети самиот си раководи со сѐ? Не може таа состојба да се оправда со пандемијата. Јас би бил загрижен кога би бил соочен со таква ситуација. Но, и другпат во ДУИ се глумел раскол на високите позиции, со цел да не се загуби незадоволното гласачко тело односно, да се биде и со ДУИ и со „бунтовниците", за потоа односите да се „испеглаат", коментира Села.

Тој оцени дека е добро што на есенските избори ќе има фингерпринт и го постави прашањето зошто само ДУИ се противеше на воведувањето на читач на отпечаток од прст на гласачите. Сега ќе им биде тешко да ги крадат гласовите, оцени Села.

Дали е можно коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини како што се слуша во политичката јавност, по примерот на ДУИ со СДСМ, лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села рече дека во политиката сѐ е можно, но и нагласи дека со ВМРО-ДПМНЕ тој нема коалиција ниту такви разговори. Градоначалниците, рече, имаат слобода да соработуваат и коалицираат со граѓаните, па и со партии.

„Мене повеќе ме загрижува што постои тројна коалиција Заев, Ахмети, Мицкоски. Во каква каша нѐ ставаат сите како граѓани? Тие седнуваат и договараат сѐ. Ете, за пример, договорија да нема попис и не е извесно и дека ќе има попис наесен", нагласи Села.

На прашањето дали ги поддржува изјвите на премиерот Заев кога вели дека за почеток на преговорите со ЕУ не доаѓа предвид да се преговара за јазикот и идентитетот на македонскиот народ, Села одговори:

„Секако дека македонскиот и албанскиот народ живеат заедно и се почитуваат меѓу себе и ние имаме разбирање за таквите изјави и ставови. Важен е дигнитетот на секој народ. И, добро е во преговорите да се имаат црвени линии. Но, интеграцијата во ЕУ не смее да се тргне од дневниот ред. Добро ќе биде Заев и Мицкоски да го имаат истиот став и за албанскиот јазик. Кога ќе го имаат истиот третман, односно дефинираност во Уставот и македонскиот и албанскиот јазик, тогаш можеме да зборуваме и за рамноправност и за искреност на политичарите. Со таква дефинираност на нашите јазици и заедно како политичари ќе бидеме посилни и во преговорите со Бугарија", изјави Села.

Во врска со блокадата од Левица на Законот за државјнаство, поднесен од коалицијата Алијанса/Алтернатива, Села го повика нивниот лидер Димитар Апасиев на разум, зашто се работи за определен број на лица кои немаат државјанство, а со децении живеат во Македонија.

„Ако нашата коалиција која брои 12 пратеници возврати со блокада, тогаш бидете уверени дека Собранието на Македонија ќе може да стави клуч на вратата", рече Села.

На брифингот зборуваше и досегашниот новинар Арбен Зеќири, кој отсега ќе ја води службата за односи со јавноста на Алијанса за Албанците, најавувајќи уште поголема транспарентност на партијата.

П.Џамбазоски

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе