Претседателот на Алијансата на Албанците

Села: СЈО да продолжи да постои со обвинител од странство

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села денеска изрази загриженост од игнорирањето на Алијансата за Албанците од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во Собранието. Според него неприфатливо е за нивните амандмани за Законот за обвинителство дури да не се ни дебатира.

„Го осудуваме таквиот однос на премиерот на државата кој се однесува ноншалантно спрема опозицијата. Ваквото однесување во иднина нема да го дозволиме.Неприфатливо е и однесувањето на трите политички партии кон амандманите што Алијансата за Албанците ги има поднесено за законот за јавно обвинителство. Ние имаме поднесено повеќе амандмани од сите политички партии заедно, околу 30, и не е дозволиво ниту со Деловникот на Собранието некој да избира неколку амандмани од ВМРО-ДПМНЕ, од ДУИ и од СДСМ а на другите амандмани дури да им се одземе правото да се дебатираат пред јавноста за да види кој е нашиот предлог", истакна Села.

Алијансата за Албанците предлага да се судат сите функционери инволвирани во корупција или криминал од 90-тите години до денес, а на чело на СЈО да дојде обвинител од странство.

„Нашиот предлог е дека СЈО треба да се зачува. Во врска со тоа имаме околу 27 амандмани за новиот предлог-закон за ЈО. Ова не е игра, не можеме ние секоја година да формираме нови обвинителства. Имаме едно СЈО, можат да се покренат промени на законот за СЈО и тогаш да се земат во предвид и предлозите што ги има македонската опозиција во врска со тоа да нема рок,а секој политичар, функционер и во минатото, од 90-тите години наваму, кој згрешил пред законот да одговара. Другиот наш предлог е во иднина со СЈО да раководи обвинител од странство, од земјите на Европската Унија или САД“, истакна Села.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе