Партиска реакција

Села: Реџаил Ќерими заслужуваше правда, тој е жртва на заробениот систем

Како и секој Албанец во оваа држава, се чувствувам згрозен и длабоко револтиран од веста за смртта на Реџаил Ќерими, кој повеќе од една деценија беше држен во затворот Идризова, неправедно осуден во случајот „Алфа, изјави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села. Тој преку својот фејбук профил порача дека смртта е резултат на „неправдата и дискриминацијата од страна на овој систем заробен од криминал и корупција“ и побара судски ветинг, прочистување и меѓу обвинителите и меѓународна експертиза на повеќе судски случаи. 

Села вели дека „Алфа" е политички случај , во кој тројца невини лица, без никакви материјални докази, беа осудени на доживотен затвор по егзекуцијата на еден полицаец Албанец што ја извршила непозната група на паркингот пред Приодно математичкит факултет во 2008 година.

Лидерот на Алијанса за Албанците вели дека со години има обвинувања меѓу политиката и правдата во врска со затворот на, како што вели, невините граѓани, и нагласува дека се игнорираат материјалните докази, сведоштвата, снимките од безбедносните камери и заклучоците од меѓународна експертиза, кои се во полза на Ќерими и другите осудени лица.

„Како резултат на тоа, случајот нема вистинскиот епилог и Албанците повторно се сведоци на селективната правда, инсталирана со години од страна на заробената држава, која Албанецот го претвори во дежурен виновник“, вели Села.

Лидерот на Алијанса за Албанците порачува:

„Смртта на Реџаил уште еднаш потсетува на пропаста на владеењето на правото и на итната потреба да се обезбеди независно, ефикасно и правично судство. Тоа ќе може да се постигне само преку судски ветинг, со елиминирање на политичките интервенции, блокбастерските, неетички и често пати коруптивните однесувања на судиите и обвинителите. И натаму веруваме дека единственото решение за монтираните случаи, на случаите на политичка корупција на високо ниво, е во создавањето на европска мисија за владеење на правото, која ќе има главна мисија да ги разгледа судскиот процедури во врска со овие случаи“.

Села во лично име и во име на партијата, изразува сочувство до семејството на Ќерими и се извинува затоа што, како што вели, не биле во можност да сторат нешто за ослободување на Ќерими и другите невино осудени Албанци.

Инаку, во судскиот процес за случајот „Алфа" во 2010 година на доживотна затворска казна беа осудени Реџаил Ќерими и Агим Ислами. На 9 години затвор е осуден Рамадан Шаќири, како соучесник во делото, додека Алмир Дрпљани, на доживотен затвор, откако по бегството беше екстрадиран во Македонија.

Нападот врз полициските „алфи" се случи на паркингот пред Природно математичкиот факултет во Скопје во кој полицаецот Албанец Африм Арифи беше убиен, а двајца негови колеги Македонци беа ранети.

„Алфа" е еден од случаите спомнати во преговорите за влез на Алтернатива во Владата, како судски случај кој би требало да се разјасни со анализа на процесот и пресудата со учество на странски правни експерти.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе