Реакција

Села: Рацете подалеку од семејствата на жртвите и од лекарите

Како да не беа доволни 14-те живи запалени жртви, па Владата наместо да обезбеди праведни истраги и случајот да не се повтори, таа се обидува да се амнестира преку закани и уцени. Изминативе денови и понатаму се врши притисок над семејствата на жртвите и лекарите во болницата во Тетово, вели Зијадин Села, претседател на Алијансата за Албанците по изјавите на еден од сведоците на пожарот во модуларната ковид болница во Тетово.

Младиот Ибин Емшиу кој во пожарот ги изгуби таткото и братот, пријавил дека му се закануваат да не прозбори и да ја каже вистината околу условите и пожарот во модуларната болница во Тетово.  Од друга страна неколку лекари пријавиле дека се врши притисок над нив да потпишат петиција во одбрана на еден од директорите на болницата во Тетово, во ист стил како и обидот на директорите на клиниките во Скопје за спасување на Филипче.

Ве повикувам итно да престанете со таквите притисоци, оставете ги истражителите да ја завршат својата работа без политичко мешање. Почитувајте ги жртвите и нивните семејства, како и медицинскиот персонал што веќе сте го оставиле да работи во тешки-мизерни услови.

Ве уверувам дека, денес или утре, одговорните за палењето на 14 души, како и тие кои ја попречуваат истрагата, закануваат и уценуваат, ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, вели во писмената изјава Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе