„Полувистини и двојни стандарди“

Села: Она што го прави Бугарија за македонскиот јазик, Македонија им го прави на сограѓаните Албанци

Претседателот Стево Пендаровски нема право да изјави дека на земјата „не ѝ треба ЕУ“ доколку треба да се исполнат условите на Бугарија во однос на македонскиот јазик, затоа што Македонија им го прави токму истото на своите граѓани, Албанците, вели претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села во колумна за бриселскиот портал Еурактив

Коментирајќи ја изјавата на Пендаровски во врска со бугарското условување во рамките на идните преговори за членство на земјата во ЕУ, Села вели дека емоционалниот одговор на претседателот Пендаровски е разбирлив од гледна точка на политичар, но дека тој е многу неодговорен во однос на интересот на државата и неискрен кон граѓаните на Северна Македонија. Според Села, „Пендаровски е збунет од бугарскиот став и заборава дека е шеф на една држава што го негира истото основно право на една третина од својата популација на уште побрутален начин, со анахрони и антиевропски устав што го сведува албанскиот јазик на јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението и кој е различен од македонскиот“.

Обраќајќи им се на Бугарија и на ЕУ, Села потсетува дека барањето на Бугарија да се однесува само на „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ е неинформирано затоа што го игнорира фактот дека Северна Македонија има два службени јазика: македонскиот и албанскиот јазик, и внатре и надвор од земјата. Врз основа на уставната реалност на земјата, Села додава дека сега е време ова да биде официјално признаено од ЕУ и нејзините земји-членки.

Села во колумната повикува на ангажман на сите политичари со отворен ум, Македонци и Албанци, да се промени овој, како што го нарекува, ретрограден Устав, и да се најде заеднички јазик со бугарските соседи во рамките на заедничките комисии за спроведување на договорот за пријателство меѓу двете земји, што треба да биде стимул за членството на Северна Македонија во ЕУ, а не обратно.

„Пповеќејазичноста е една од основните вредности на ЕУ и јазиците треба да ги обединуваат луѓето и да го зајакнат меѓукултурното разбирање, но во никој случај не треба да создаваат непотребни блокади вратени од минатото“, додава Села.

Според него, потврдувањето на статусот на македонскиот јазик во ЕУ и тој на албанскиот во Северна Македонија и во ЕУ, е совршена можност да се демонстрира суштинскиот придонес на јазичната разновидност во европскиот проект, кој е изграден врз мотото „обединети во различностите“.

 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе