Претседателски избори 2019

Села не гласаше, за членовите на неговата партија не се знае

Пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села вчера не излезе да гласа во вториот круг од претседателските избори.

Алијансата на Села во првиот круг застана зад професорот Блерим Река, кој, пак, доби 79.888 гласови во првиот круг.

„Граѓаните треба да одлучат дали ќе гласаат и за кого. Ние имавме само еден кандидат. Јас како претседател на Алијансата, пораките што ги имав за пренесување, а бев многу јасен, ги дадов во кампањата додека имавме кандидат за претседател. Нашата изборна кампања заврши во неделата на 21 април кога ги дознавме резултатите. Нашиот принцип е дека сѐ уште не е дојдено време албанските гласови да одат за македонските политички партии“, изјави Села пред вториот круг од претседателските избори.

А ставот на Алијансата за Албанците пред вториот круг беше скоро идентичен на ставот на Села.

„Алијанса за Албанците го повторува ставот што го изнесе за време на изборната кампања дека нејзините поддржувачи не ги смета за имот и предмет во функција на интересите на одредени поединци. Вие почитувани граѓани сте суверени и наш партнер во градење на живот со достоинство и затоа ве повикуваме во недела да го изразите својот суверенитет. Заеднички им рековме да на НАТО и ЕУ на референдумот и со уставните измени. Заеднички ќе останеме на истиот пат и во иднина, не потценети, туку еднакви и со достоинство”, соопшти Алијансата за Албанците пред вториот круг од претседателските избори.

Со оглед на тоа дека Зијадин Села не гласал на изборите тогаш останува нејасно кој бил мотивот да гласаат членовите на неговата партија. Исто така, колку од гласовите што ги добил Река во првиот круг, колку биле од гласачите на Алијансата и Беса, а колку на ДУИ. И покрај тоа што немаше директен и јасен повик за излегување на избори од овие две партии, сепак излезеноста во албанските средени не само што не се намали, туку и се зголеми.

М.М.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе