Села му одговори на Заев: За жалење си премиере, немаш совест и морал

Со зборовите „за жалење си премиере“, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села му одговори на премиерот Зоран Заев за изјавата дека не размислува за оставка, а „премиер или заменик премиер ќе биде претседателот на Алијанса кога ќе заслужи, кога ќе биде тука да даде идеи, да понуди решенија, не грозотијата да ја користи на најперфиден начин и тоа за време на трите денови на жалост, сѐ од пуста желба за власт, да се победи“.

„За жалење си премиере, толку многу ве заслепи власта што не оставивте вредност во чие име дојдовте на власт, без да ja прегазите. Но, не заборавајте едно, не сме сите исти. Тешко ви е да ја разберете причината за вашата оставка затоа што тоа го немате во себе. А тоа е совестa и моралот, а не власта“, напиша Села на Фејсбук.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе