Села: Многу информации од теренот не одговараат на резултатите објавени од ДИК

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зиадин Села, изразува длабока загриженост и негодување за, како што вели, игрите што се играат со необјавување на резултатите од изборите.

Во својот последен пост на фејсбук, Села им се заблагодарува на аквиситите на Алијанса на Албанците и Алтернатива за дадената подршката, но истакнува дека преголемите доцнења предизвикуваат сомневања за можна манипулација со изборниот процес и конечниот резултат.

„Има многу информации од теренот кои не одговараат на резултатите објавени од  Државната изборна комисија до раните часови утринава. Има многу сомнителни резултати на многу избирачки места. Имаше сериозни обиди, но и активности насочени кон отуѓување на волјата на граѓаните. Нашиот заеднички штаб пријави десетици вакви случаи до релевантни тела, но и до релевантни меѓународни институции“, пишува Села.

Воедно тој апелира да се објават резултатите од спроведените избори на 13, 14 и 15 јули и да се отстрани секој сомнеж. Истовремено тој најави дека Изборниот штаб на коалицијата „Сега е време”, по официјалните резултати ќе поднесе приговори, поткрпени со, како што вели, факти и докази за конкретни изборни нерегуралности.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе