Прес-конференција на Алијанса за Албанците

Села: И по „бомбите“ на СДСМ, ДУИ остана заштитена, а судството е заробено во Мала Речица

И по седум години од објавувањето на првите „бомби" од СДСМ, не видовме речиси никакви пресуди во случаи на корупција и криминал на високо ниво, изјави претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес конференција каде објави податоци од нивното истражување за, како што наведе, „заробувањето на судскиот систем од ДУИ". Тој нагласи дека случите во кои беа осомничени Али Ахмети и други високи функционери на ДУИ останаа без разрешница, а наведе и имиња на судии и обвинители блиски до партијата од Мала Речица.

Села наведе неколку случаи како примери -  „Маџар Телеком" против Али Ахмети и Муса Џафери, случајот „Пациент" против Бујар Османи и случајот „Титаник 3" против Ејуп Халими. Сите се амнестирани, рече.

„Се соочуваме со вистински масакр во судството, со десетици судии и обвинители под тотална контрола на ДУИ. Значи, тоа што го најдовме покажува систематско заземање од страна на ДУИ на секој суд и секоја обвинителска инстанца, без исклучок, рече Села и посочи дека тие што го заробија/заземаа судството имаат име и презиме и тоа се Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билент Саљији и Агим Нухиу, сите министри на Али Ахмети.

Села, при објавување на ова истражување на Алијанса на Албанците, истакна дека во Судскиот совет, ДУИ го поставил Селим Адеми, висок партиски функционер дојден директно од Министерството за правда.

„Управниот суд е орган кој ја штити уставноста и законитоста. Таму ДУИ контролира не помалку од четворица судии: претседател на судот Бурим Сејдини, поранешен секретар на општина Зајас, Газменд Фејзули, кому Судскиот совет му го одзеде имунитетот за злоупотреба на службената положба во случајот Титаник. Имсале Хасани, сестра на Ирфан Асани, поранешен директор на Македонски железници (МЖ) од ДУИ и Елеонора Хамулиќ – Ајро, сопругата на обвинителот за организиран криминал и корупција, Артан Ајро“, додаде Села.

Според Села, во Врховниот суд, ДУИ го има поставено Шпенд Деваја, сопругот на Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ и поранешна градоначалничка на Тетово отстранета од тетовчани на последните локални избори поради коруптивни афери.

„Апелационите судови одлучуваат за жалбите против одлуките на основните судови и за судир на надлежности меѓу нив. На ова ниво, ДУИ има поставено своите луѓе: Шефајет Хајдари во Гостивар, судија близок на Невзат Бејта и со сопственикот на Дурмо Турс кој е познат како финансиер на ДУИ“, посочи Села.

Свои луѓе ДУИ, како што додаде Села има и во основните судови кои работат на кривични и граѓански предмети. Меѓу судиите кој беа спомнати на оваа прес конференција беа Осман Шабани од Кривичниот суд Скопје, за кој Села, вели е судија близок до Блерим Беџети, Хасан Асани од Тетово, поранешен претседател на огранок на ДУИ во Брвеница, Абдула Азари исто така од Тетово, поранешен активист на ДУИ во Теарце и поранешен заменик генерален секретар на Владата., Амдије Зенку во Кичево и други.

Како заробена институција Села, го процени и Народниот правобранител.

„Во секоја судска институција доволен е повик од Мала Речица за да се запрат или саботираат кривичните гонења секогаш кога ќе се чепне во интересот на ДУИ. Веќе се познати методите на заробеното судство. Тие почнуваат во почетната фаза на истрагата со заобиколување на електронскиот систем за случајна распределба на предметите. Така тие внимаваат и се трудат предметот каде што се засегнати нивните интереси да оди на маса на обвинителите и нивните судии и потоа истите да ги саботираат предметите преку трикови како: незапазување на роковите за започнување на разгледувањето по поднесувањето на обвинението“, рече Села.

За излез од ова состојба и подобрување на судскиот систем во државата претседателот на Алијанса за Албаниците, Зијадин Села, предложи Европската комисија да спроведе дополнителни проценки за владеењето на правото, предводени од независни експерти, слични на Извештајот на Прибе, формирање работна група за реформи во судството и за сеопфатна проценка на причините за заробувањето на судството.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе