По бугарското вето

Села и Гаши: Време е за оставка на Владата и создавање широка коалиција

Лидерите на партиите на Албанците Алијанса и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши порачаа дека би застанале во одбрана на идентитетот на македонските граѓани, но дека е веќе недозволиво Владата важните одлуки за иднината на државата да ги носи без соработка со другите политички актери. Тие на премиерот Заев му порачаа дека е време за оставка на Владата и создавање на широка владина коалиција.

„Oваа Влада е влада на лажговци и треба веднаш претседателот на Владата да даде оставка, да се направи широка владина коалиција помеѓу сите политички актери во која сите партии ќе преземат одговорност. Заедно треба да седнеме и да работиме околу кризата, и заедно да преземеме обврски за да го решиме спорот, сега со соседот Бугарија, и што побрзо да ссе одржи првата меѓувладина конференција меѓу Македонија и Европската унија, изјави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села.

Неговиот коалициски партнер лидерот на Алтернатива Африм Гаши рече е многу фаталистички пристапот на Владата со својот егоизам и исклучивост во водењето на политиката бидејќи не сака да ги слуша мислењата на другите партии ниту на експертите.

„Алијанса и Алтернатива секогаш кажуваат дека се тука и дека стојат на страната на граѓаните. Ние секако би застанале во одбрана на идентитетот на македонските граѓани што го чувствуваат, но не може од нас да се бара само бланко поддршка", рече Гаши.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе