Собрание на Македонија

Села и Бојко добитници на државната награда 22 Ноември

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември" денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември" за 2021 година на политикологот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко. Станува збор за признание што се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во државата.

Писателот Фејзи Бојко се заблагодари за добиената награда, а на припадниците на албанската заедница им го честиташе Денот на албанската азбука – 22 Ноември.

„Овој празник е еден од најголемите празници за Албанците. Ова е празник и за Северна Македонија во која живееме со векови и, општо земено, добро се разбираме. Во историјата сме биле и подредени. Можеби имало случаи и ќе има на недоразбирање, меѓутоа сите сфативме дека единствено праведно, напредно корисно решение е што подобро да се запознаеме, да бидеме еден со друг и да имаме една заедничка цел, која води кон вистинскиот, искрениот и човечкиот пат за подобар заеднички живот“, рече Бојко по врачувањето на наградата.

Тој напомена дека му е драго што Денот на албанската азбука во државата се слави неколку дена по ред со убави и културни содржини, при што, како што рече, само на овој начин еден со друг и еден до друг можеме да одиме уште понапред, и да ги оствариме сите соништа.

Фези Бојко во изминативе децении има преведено 40-тина дела од македонски на албански јазик, како и шест книги од албански на македонски јаизк. Автор е на 16 оригинални дела збирки поезија, како и раскази за деца и млади.

Како коавтор е трикратен добитник од конкурсот на Министерството за образование во 2009 година, за книгите за јазик и литература за четврто, шесто и седмо одделение.

Илбер Села е редовен професор на Универзитетот во Тетово од 2010 година, а работел и како советник за евроатлантски прашања во Министерството за одбрана. Исто така, бил и претседател на Комисијата за издавање на универзитетски дипломи при Министерството за образование и наука, а исто така дал придонес како член на Советот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија. Избран е и за директор на Агенцијата за примена на јазици.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе