На состанок во матичниот огранок

Села ги повика сопартијците од Струга до Липково да го поддржат новиот претседател на Алијанса

Зијадин Села, кој минатиот месец поднесе оставка на претседателската функција во Алијанса за Албанците поради поразот на партијата на изборите во Тетово, денеска од неговиот матичен партиски огранок од Струга ги повика сопартијците и симпатизерите „од Струга до Липково“ да застанат зад новиот лидер чиј избор треба да биде идната недела. Села вели, ќе се ангажира и натаму во политиката.

На состанокот во Струга Села им се заблагодарил на сите членови и активисти на огранокот за, како што нагласил, безрезервната поддршка како претседател на Алијанса за Албанците.

„Но, мојата политичка активност не завршува со оставката како претседател, бидејќи јас нема да се откажам од идеалот на кој ја изградивме нашата политичка партија, затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите членови и активисти на Алијанса за Албанците од Струга до Липково да застанат зад новиот вршител на должноста како нов претседател на Алијанса за Албанците којшто ќе се избира следната недела. Јас пак, ветувам дека силно ќе ја зголемам мојата политичка активност и со сите мои капацитети ќе се борам Алијанса за Албанците да се појави како прв политички субјект на политичката сцена во земјата", кажал Села.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе