Предвремени парламентарни избори

Села: Држава за сите

Државата досега била еднострана, сега е време да се создаде држава за сите, каде сите ќе се чувствуваат подеднакви, а тоа може да се направи на денот кога граѓаните имаат моќ да ја направат промената, изјави денеска Зијадин Села, претедателот на Алијансата за Албанците на средбата со жителите на Черкези, Куманово.

Села ја претстави програмата „Држава за сите“ на коалицијата „Сега е време“.

„Ние се соочуваме со ситуација што доаѓа еднаш на четири години и затоа треба да се зборува за тоа. Има многу партиски функционери кои доаѓаат и се обидуваат да ја загрозат политичката волја на граѓаните, волјата што тие сакаат да ја изразат. Денот на гласањето е ваша симболика, тие „пет минути“ кога чекориш кон гласачката кутија. Во седум часот наутро, лидерите на партиите, да немате дилеми не вредат ни нула. Бидејќи политичката моќ се мери во девет часот навечер и ние ќе бидеме толку силни колку што вие ќе ни дадете политичка моќ, еден по еден со еден глас “, рече претседателот Села.

Тој, исто така, повика да не биде исклучен ниту еден Албанец, туку сите заедно да разговараат меѓусебно за политичката понуда што ја нудат Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села истакна дека Албанците со години верувале, но секогаш биле разочарани од албанските политички партии и како резултат за малку нова надеж го насочиле својот глас кон македонски субјект.

„Каде сме денес? Пред неколку месеци пред да почне пандемиската криза, го посетивме секое место, секое маало, секое село и секоја населба. Ние сме биле и тука во Куманово. И го видов третманот што СДСМ им го прави на Албанците. Тоа го имате видено и од медиумите. Тие велат општество за сите, но нема училиште за Албанците во Идризово, општество за сите, но нема училиште за Албанците во Чашка. Има илјадници албански деца кои учат на македонски, а не на албански јазик, нешто што е загарантирано и со човековите права дека секој може да се образува на својот мајчин јазик. Е ова не е заедничко општество за сите “, потенцираше меѓу другото Села.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе