Во интервју за ТВ21

Села: Бугарија има територијални претензии кон Македонија

Бугарија сѐ уште има територијални претензии кон Македонија, a тоа во овој момент не се кажува дека е така, оцени во интервју за ТВ21 лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села.

„Темата што во последно време ја отвори Бугарија, со неприфаќање на македонскиот идентитет и јазик, од моја гледна точка,а  тоа што не се кажува во овој случај, е дека Бугарија и натаму има територијални претензии кон Македонија", рече Села за ТВ21.

Тој додава дека политичките случувања во регионот, под печатот на евроинтегративните преговори, ја враќаат темата на почетокот на 20 век.

Во својата основа изгледа дека спорот го содржи прашањето за неколку историски ликови, но тоа што не се кажува е дека проблемот е многу поголем, додека пак албанскиот политички фактор воопшто не учествува во темите од ваква важност, смета Села.

Тој потоа изрази загриженост и за содржините на дел од училишните лекции кои ги учат младите Македонци за Албанците, како што рече, како за дојден народ, и обратно пак, како што нагласи, за лагите кои ги изучуваат учениците Албанци".

„Ние и натаму живееме овде во Македонија како привремен народ со историја што ја изучуваат децата Албанци која нема врска со нашите преродбеници, туку повеќе има врска со наметната, а лажна историја", рече Села.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе