Прес-конференција на лидерот на Алијанса за Албанците

Села: Бараме казина и обложувалници да може да работат само во хотели со 5 ѕвезди

Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, најави лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села дека пратениците на неговата партија ќе бараат измени во Законот за игри на среќа. Воедно, рече, бараме да се ограничи рекламирање на игри на среќа.

Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.

Села рече дека предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.

„Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.

Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе