Алијанса за Албанците

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села, претседателот на Алијансата за Албанците, има забелешки за владиниот предлог и најавува, освен за Русковска, повеќе амандмански во неколку главни области.

„Прислушуваните материјали да се користат како докази и во новото обвинителство што го наследува СЈО. Во Советот на јавни обвинители да не смее да има партиски членови, поранешни државни функционери кои биле членови на партија и јавниот обвинител да биде експерт од странство. Законот кој се предлага има за цел да се амнестираат и да не се користат како материјални докази сите прислушувани разговори кои беа предмет на политичката криза. Ние како партија заинтересирани сме за вистински реформи. Не поддржувајќи го законот, амнестирани ќе останат корумпираните и оние што ја злоупотребиле службената положба, а гласајќи за ваков предлог закон ние пак ќе ги амнестираме сите, бидејќи законот важи отсега па натаму”, вели Села.

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе