Села: Ако нема датум, техничка влада и избори на пролет

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села во дебатата на Клик плус на ТВ21 порача дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор, по што на пролет ќе се одржат вонредни парламентарни избори.

Тој, истовремено јавно го повика универзитетскиот професор Блерим Река да се приклучи на Алијансата. Река на последните претседателски избори беше независен кандидат, но беше поддржан од Алијансата за Албанците.

За датумот за почеток на преговори со ЕУ во Брисел ќе се одлучува денеска и утре.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе