Дали е добро преку Косово и Албанија да се повикува на масовен попис

Секој треба да лобира кон дијаспората, вели Владата за активностите на Груби и Османи

Владата не гледа ништо спорно во лобирањето на владините функционери Артан Груби и Бујар Османи со помош и на државни и партиски функционери на Албанија и на Косово да се повикува на што помасовно попишување на дијаспората, напротив, Владата ги повика сите државни и партиски чинители да се ангажираат со што погласни повици кон дијаспората. Владиниот портпарол одговори потврдно и на второто прашање на МКД.мк дали го поддржува ставот на Османи кој на Бугарија ѝ даде поддршка во т.н. шпионска афера со Русија. 

МКД.мк постави прашање до владиниот портпарол Душко Арсовски дали врз база на договор во Владата првиот вицепремиер Артан Груби во Приштина, а денеска и во Тирана, разговара за пописот на населението во нашата земја и оттаму заедно со своите домаќини повикува на помасовно попишување како на иселениците, така и на Албанциге во земјава? Истото прашање го поставивме и за министерот за надворешни работи Бујар Османи, со потпрашање, дали тој или премиерот или кој било минстер, за време на евентуална посета на Софија би ја повикале македонската дијаспора во Бугарија на што помасовен одзив на пописот во Македонија.

„Секој повик за поддршка на пописот е плус придонес кон успешноста на оваа статистичка операцииа и Владата ги повикува сите политички чинители најгласно што можат да испратат порака за поддршка на пописот, како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна статистичка операција. Секој граѓанин треба да учествува во пописот и да придонесе кон неговата попларизација, тргнувајќи од интресот на државата, на својата заедница, на своето семејство. Ако велиме дека пописот е исклучително важен за државата, очекуваме пораката да ја испратат сите домашни политичари, вкчучувајќи ги и од опозицијата. Околу пописот треба сите да се обединиме", одговори владиниот портпарол Душко Арсосвки.

Тој сепак, директно не даде одговор на потпрашањето за евентуален повик за Македонците кои живеат или работат во Бугарија.

МКД.мк праша и дали Владата го дели ставот на министерот Османи кој преку своја изјава на Бугарија ѝ даде поддршка во таканаречената шпионска афера со Русија.

„Во однос на ова прашање Владата секогаш ќе дава поддршка за суверенитетот на секоја земја во светот. Северна Македонија ги поддржува сите наши сојузници и ќе демонстрира солидарност секогаш кога е тоа потребно", одговори Арсовски.

П.Џ.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе