За „360 степени“

Сега не е добро да се оди на брзи избори, иако за нас како опозиција избори се добредојдени, вели Гаши

Сега не е добро да се оди на брзи избори, со оглед на состојбата во која се наоѓаме, но смета лидерот на Алтернатива, но и со тоа што во последните неколку години постојано сме во избори, вели лидерот на Атернатива, Африм Гаши.

Сепак, како што рече во интервју за „360 степени“, Алтернатива не е толку моќна за да може да се спротивстави на такво нешто.

„Јавноста треба да знае дека Алтернатива има 4 пратеници и ние не можеме да му се противиме на мнозинство кое ако утре има иницијатива за распуштање на парламентот и има 61 глас за распуштање. Тогаш ние одиме на избори. Ние сме опозициска партија и за нас изборите се добредојдени затоа што ние чекаме на секои избори да добиеме повеќе гласови и да го зголемиме бројот на пратеници, особено што во целиот овој процес сме биле конзистентни, сме покажале дека сме принципиелни и јас сум убеден дека Албанците и другите гласачи во Северна Македонија ја ценат оваа конзистентност и оваа принципиелна политика што ја имаме. Затоа, јас сум убеден дека на кои било избори Алтернатива ќе добие повеќе гласови“, рече Гаши.

Во прилог на неговиот став тој го посочува и евроинтеграцискиот процес на земјата, но и заморот кај граѓаните од постојани избори.

„Јас не сум против избори поради изборен резултат, но сум против избори поради контекстот во кој се наоѓаме. Пред изборите во Бугарија, пред датум за почнување на преговорите со ЕУ, по еден макотрпен процес за граѓаните како што се локалните избори кои се доста тешки и кои одземаат доста енергија, секој политичар, секој што се натпреварува, и граѓаните, па и вие новинарите, се изморени. Затоа мислам дека тоа не е добро решение. Но, сепак, останува тоа да го докажува секое мнозинство. Ставот на Алтернатива е дека не е добро сега да се оди на избори“, додава Гаши.

На прашањето дали добиле понуда од СДСМ за разговор за влез во Владата тој одговори дека немаат ниедна понуда.

Принципиелно е, вели, ние да дискутираме прво со ВМРО и Алијанса, да видиме кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси, за тоа како го гледаат тие, а како ние процесот за излез од кризата.

„Ако имаме заеднички точки, ако се усогласуваме, мислам дека ќе продолжиме да бидеме конзистентни во тоа што сме биле досега како конструктивна опозиција итн. Но, доколку не може да се договориме, дури тогаш може да видиме што се очекува од нас, кој е новиот контекст, во тој нов контекст каде може да се најде себеси Алтернатива и, се разбира, ќе треба оваа работа да ја дискутираме во нашите партиски органи. Ние сме демократска партија со доста развиена демократија, ние не ги добиваме одлуките од еден човек или од некоја тесна група туку ја отвораме како дебата внатре, дискутираме долго, ги анализираме сите димензии и ја носиме таа одлука за која мислиме дека е во интерес на сите граѓани“, рече Гаши.

Тој уште кажа дека пред да се случи неуспехот да се изгласа недоверба на Владата,  ги предупредил за тоа лидерите на Алијанса за Албанците и ВМРО-ДПМНЕ, Зијадин Села и Христијан Мицкоски.

Причината за тоа ја гледа во фактот што сепак процесот бил комплициран и кон него можат да продолжат само ако се 100 отсто сигурни.

„Исто така на Села и на Мицкоски им реков дека треба да влеземе во таков процес само ако сме 100 отсто сигурни и кога имаме многу повеќе од 61 пратеник. Сето тоа поради околностите кои се случија и вчера. Знаеме дека живееме во таква држава и нивото на демократија и култура за жал не е на нивото на кое сакаме да биде“, изјави Гаши.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе