Седуммина Авганистанци од Македонија заминаа за Португалија

Четворица возрасни и три деца од Авганистан утрово од Меѓународниот аеродром Скопје преку Истанбул, заминаа за Португалија како нивно трајно одредиште и во земјава сега има 400 Авганистанци со привремен престој.

Станува збор за вработени во меѓународни организации и нивни семејства на кои во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште во рамки на меѓународната хуманитарна операција за помош на продемократското население во Авганистан кое е под закана на новата талибанска власт во земјата.

Авганистанците кои сѐ уште се во земјава ја добиваат целата потребна поддршка додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, а трошоците за престојот се покриени од меѓународните организации.

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе