Седницата за Законот за Јавното обвинителство може да се свика на 29 јули, најави Џафери

Предлог-законот за јавно обвинителство сѐ уште не е пристигнат во Собранието, но доколку биде доставен во текот на денешниот ден или утре, собраниска седница ќе може да се свика на 29 јули, најави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери на брифинг со новинарите.

„Доколку денеска, утре законот пристигне во Собранието, на 29 јули можам да свикам седница и да помине во прво читање. Потоа во рок од седум дена од првото читање законот треба да помине и на матичната комисија, а од 26 до 30 август може да се свика седница за второ читање на законот. Но, тоа е ситуација доколку се усогласат ставовите“, рече Џафери.

Тој кажа и дека во Собранието сѐ уште не е поднесен ниту предлог-закон за ветинг што го најавуваше ДУИ.

Џафери на средбата со новинарите информираше дека американската амбасадорка Кејт Брнс на денешната средба во Собранието го прашала дали законот би можел да биде донесен до 15 септември. Џафери појасни дека законот би можел да биде донесен до крајот на август доколку постои согласност за него меѓу политичките субјекти во Собранието. Со амбасадорката Брнс разговарале и за случајот „Рекет“, а таа истакнала дека истрагата мора да има јасен епилог. Исто така, се разговарало и за ратификацијата на Протоколот за членство на земјава во НАТО од страна на САД при што обострано било изразено уверување дека Северна Македонија до крајот на годинава ќе стане полноправна членка на Алијансата.

Џафери рече и дека формално одморот на пратениците ќе трае до крајот на август, но вообичаено веќе од 25 -26 август, комисиите започнуваат со активности.

Првата наредна седница после одморите Собранието треба да ја одржи во септември, но можно е седница да се свика и порано доколку има потреба.

 
 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе