Собрание

Седницата презакажана за 15 часот, Мицкоски ги свика на состанок пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Седницата за последната фаза од уставните измени која што беше закажана за денеска во 12 часот, одложена е за во 15 часот, неофицијално поради средбата на премиерот Зоран Заев со Билал Касами од Беса за надминување на блокадата на процесот. Според неофицијалните информации, на Заев му е потребен уште еден глас за да го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство.

Во меѓувреме и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски закажа состанок со пратениците од неговата партија во 12.30 часот, како и седница на Извршниот комитет на партијата. Од опозициската партија велат дека состанокот е закажан заради „големите притисоци од власта и од Заев за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени, како и обидот на Заев по секоја цена, спротивно на волјата на граѓаните да го менува името“.

Од владејачкото мнозинство, сепак велат дека денес, најдоцна до утре може да се постигне договор.

 

 

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе