Собрание

Седница на Комисијата за надворешна политика, четворица амбасадори ќе ги претстават своите платформи

Во Собранието денеска е закажано продолжение на седницата на Комисија за надворешна политика на која своите платформи за дипломатските активности ќе ги презентираат новите вонредни и ополномоштени амбасадори на Македонија во Република Словачка, Евгенија Илиева, во Канада Агрон Буџаку, во Кралството Норвешка, Дритон Куќи и  Методија Белевски новиот вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија.

Во рамки на истата седница, претходно на крајот од јули, пред пратениците платформата за дипломатските активности ја претстави вонредниот и ополномоштен амбасадор на Македонија во САД, Зоран Попов. Поради доверливиот карактер на информациите, како што истакна тогаш претставник на МНР, Попов своите тези ги презентираше зад затворени врати и пред пратениците кои поседуваат безбедносен сертификат. Седницата на Комисијата веднаш потоа беше прекината, поради одржувањето на пленарната собраниска седница.

Со презентацијата на тезите во Собранието финишираат сите процедури за заминување на амбасадорите во нивните дипломатски мисии.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе