Седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, донесен Акциски план

Согласно одлуката на Владата за прогласување кризна состојба на цела територија на државата во траење од 30 дена, денеска се одржа втората седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што го раководи директорот на Центарот, в.д. Стојанче Ангелов, на која беше донесен Акциски план.

„Акцискиот план ќе отиде на разгледување на Управувачкиот комитет што е составен од министрите за внатрешни работи, за надворешни работи, за одбрана, здравство, транспорт и врски и јас како раководител на Главниот штаб. Состојбата кај нас не е нешто полоша од состојбата во регионот. Сметам дека ја имаме под контрола“, изјави Ангелов.

Најави дека ќе работат и на јакнење на јавната свест. Граѓаните, како што рече, да сфатат дека се работи за една опасна болест. Ќе има продолжување на медиумската кампања, која би била уште позајакната. Најави дека ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор.

„Ќе побараме од Советот на Владата за соработка со невладини организации да определат неколку претставници на невладини организации кои се занимаваат со човекови права. Ја разгледавме и соработката со Армијата, која ќе и асистира на полицијата, но и ќе дава директна помош на здравствените установи онаму каде што тоа е потребно“, изјави Ангелов.

Прашан за капацитетите на приватните болници, рече дека тоа не е во надлежност на Главниот штаб, туку на  Министерството за здравство.

Ангелов апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе