Клубот „Цар Борис Трети“ е лоциран веднаш до фашистичкиот „преки суд“ (ФОТО)

Седиштето на бугарскиот клуб во Охрид именуван по Цар Борис Трети, кој беше фашист и сојузник на Адолф Хитлер, е лоциран во чаршијата, и тоа во непосредна близина на куќата каде што во Втората светска војна бил сместен „Прекиот суд“ на фашистичка Бугарија, во кој по брза постапка се носеле пресуди за бесење на противниците на окупацијата и на истакнати комунистички и партизански водачи. 

Фотографии: Роберт Атанасовски

На само две куќи од т.н. културен клуб „Цар Борис Трети“ се наоѓа куќата во која бил „прекиот суд“, а спомен-плочата сведочи дека тука биле осудени и познати антифашисти и борци против окупацијата, како Лазар Колишевски, Петре Пирузе, Кирил Главинчев, Андон ДУков, Јаким Сприовски.

Инаку, т.н. културен клуб „Цар Борис Трети“ ќе биде отворен денеска. Таму се наоѓаат многубројни полициски сили бидејќи во организација на Левица е закажан протест, а на протестот со повик до граѓаните се придружи и ВМРО-ДПМНЕ.

Легенда под Главна слика

Фотографии: Роберт Атанасовски

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе