Турски новинар тврди

Седат Пекер уапсен во Дубаи

Koнтроверзниот турски бизнисмен Седат Пекер е уапсен во Дубаи, објави познатиот турски новинар Алишер Делек. „Полицијата на ОАЕ го спроведе Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи", напиша на Твитер новинарот. ВМРО-ДПМЕ во аферата што ја објави под името „Мафија“, тврдеше дека Пекер е еден од водачите на мафијата во Турција и дека во Скопје добил фалсификуван пасош на име Џавид Адемовски. 

Во аферата за издавање пасоши со туѓ идентитет на над 200 луѓе од подземјето од повеќе земји, што ја објави ВМРО-ДПМНЕ, се спомнува и името на Пекер, кому во Скопје, во полициската станица во Драчево му бил издаден македонски пасош на името Џадин Амедовски.

Партијата, повикувајќи се на билтен на МВР, тврди дека Пекер бил протеран од Македонија на 19 јануари годинава, но четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица во Скопје.

Самиот Пекер неодамна, откако ВМРО-ДПМНЕ ја објави аферата, се јави преку својот адвокат и кажа дека нема нелегален пасош. Поради здравствена состојба поврзана со коронавирусот нему му истекол тримесечниот одобрен престој во Македонија, поради што морал да ја напушти земјава (бил протеран) и да замине во Косово,  каде исто така имал престој.

„Не е можно да имам пасош бидејќи во тоа време лично јас бев во друга земја. Го немам добиено гореспоменатиот пасош. Ниту сум аплицирал за таков пасош, ниту сум го користел. Сега сум во Африка, работам тука на бизнис проекти, со мојот идентитет и мојата патна исправа“, реагираше Пекер.

Медиумите во Турција за Седат Пекер пишуваа дека тој е водач на турската мафија, осуден за убиства, баран за рекет, принуда и потикнување убиство во Романија, и е дел од аферата за соборување на Ердоган.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе