Седат Пекер преку видео пораки се пресметува со Турција и се фали дека бил пријател со македонскиот премиер

Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница, а во земјата се вршат постојани претреси на негови канцеларии, имот, лица поврзани со него...

Во едно од видеата Пекер се фали дека бил пријател со македонскиот премиер и со лидерите на сите политички партии во таа земја и дека бил депортиран само затоа што визата за престој во Македонија му истекла само три дена.  

Пекер е дел од актуелната афера во Македонија, „Мафија“, за издавање на документи (пасоши и лични карти) со лажни идентитети на водачи на разни криминални групи во регионот. Тој неодамна во писмена изјава се јави од Африка и рече дека нема македонска исправа.

„Според информациите од билтен на МВР Седат Пекер бил протеран од Македонија на 19 јануари годинава, а четири дена потоа се сликал за лична карта во полициска станица во Скопје. Како Пекер кој бил протеран, дошол повторно во Македонија, каде и како ја поминал границата, и како е возможно да помине преку цело Скопје незабележан? Не е возможно Пекер кој го гледавме на социјалните мрежи како низ Скопје се шеташе со 20 луѓе обезбедување, да помине низ Скопје, а МВР за тоа да не знае“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ на 7 април кога ја објавија аферата „Мафија“. Опозициската партија прашува зошто Зоран Заев не одговара на прашањето дали Седат Пекер бил во Владата, со кого се сретнал и за што било разговарано. „Сите видовме како функционери и коалициски партнери на СДСМ се среќавале со Седат Пекер, го примале во општини и институции, како да се работи за сериозен бизнисмен, а не човек со потерница, на чиј грб се ставаат како товар голем број на криминали“, соопшти во април ВМРО-ДПМНЕ.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе