Се запленува мебелот од куќата на Јанева во Козле (ВИДЕО)

Откако ѝ беше запленет компјутерот од канцеларијата во СЈО, сега со полициска придружба се изнесува мебелот од домот на специјалната обвинителка Катица Јанева во Козле, кој наводно е стекнат со уцени преку случајот „Рекет“.

Денеска на прес-конференција државниот јавен обвинител Љубомир Јовески рече дека Јанева незаконски стекнала мебел во вредност од 298 илјади денари.

„Обвинителката  ја искористила својата службена положба и овластување и за себе и за двајцата осомничени прибавила имотна корист во значителен износ. За себе добила предмети мебел во вредност од 298 илјади денари, кои за неа ги набавил еден од осмничените, а за двајцата осомничени прибавила имотна корист од еден милион и петстотини илјади евра“, истакна Јовевски.

Денеска при претрес во СЈО бил одземен компјутерот на Јанева, а во текот на денот ќе се знае дали таа ќе заврши во истражниот затвор во Шутка.

Видео: Канал 5

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе