Прес-конференција на СДСМ

Се виде дека во препораките за историските прашања нема ништо спорно, вели Каевски

Со усвоените Препораки на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања стана јасно дека во тие препораки нема ништо спорно, нема ништо затскриено, нема никакво бришење или менување на историјата, нема историја по бугарски терк како што лажеа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

„Усвоените препораки за одредени учебници во основното образование се на база на реципроцитет и истите ќе бидат доставени и до македонската, но и до бугарската влада. Ова се препораки усвоени од стручна и независна комисија без какви било политички влијанија. Заедничкото чествување на историските личности како светите браќа Кирил и Методиј, Наум и Климент Охридски како и Цар Самоил дополнително ќе ја зајакне одговорноста на двете држави во зачувувањето на сеќавањето на овие личности. Сето ова ги демантира грубите лаги на ВМРО-ДПМНЕ кои се месеци ги вознемируваа граѓаните и се обидуваа да создадат нови поделби“, рече Каевски.

Портпролот нагласи дека уште еднаш се виде дека ВМРО-ДПМНЕ и лидерот н таа партија Христијан Мицкоски сакаат да го нарушат процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија.

„Тоа е антидржавнничко, неодговорно, несериозно постапување на дело. Христијан Мицкоски е наследник на Иван Ванчо Михајлов, затоа што и тој и раковдството на ВМРО-ДПМНЕ се повикуваат на континуитетот, а во тој континуитет се и Ванчо Михајлов и Тодор Александров. За разлика од таквиот однос на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ продолжува да бара решенија за отворените прашања, при тоа заштитувајќи ги македонскиот идентитет, македонската историја и самобитност“, рече Каевски и рече дека ја уверува јавноста дека се води грижа за државните и национални интереси и дека се продолжува со реализација на стратешките цели на државата.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе