Се руши „парапетчето“ во Градиште

По многубројните реакции во јавноста и информацијата од охридскиот градоначалник дека донесено е решение за отстранување со кое на изведувачот му се дава законскиот рок сам да го отстрани, денеска започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид во автокампот „Градиште“.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески објави дека градежен, комунален инспектор и инспектор за животна средина, утрово, извршиле увид, по што беше констатирано дека изведувачот нема постапено согласно издаденото решение за отстранување.

Согласно тоа, како што напиша Георгиески на неговиот официјален Фејсбук профил  денес, започнаа активностите за отстранување на нелегално изградениот ѕид.

На еден месец пред одлуката на УНЕСКО и извештајот за тоа дали градот и езерото и натаму ги исполнуваат стандардите за заштитено културно и природно светско наследство и во време кога во Охрид треба да се урнат над 1.000 дивоградби, на плажата Градиште на Охридското Езеро некој почнал да си прави „парапетче“.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе