Според бугарските медиуми

Се преговара за новата бугарска влада, МНР го добива партијата на Слави Трифонов, кој секогаш се потсмева со Македонците

Бугарскиот претседател Румен Радев со средбата со претставници на „Продолжуваме со промените“ денеска ја започна серијата средби со парламентарните партии пред да го врачи мандатот за состав на новата влада.

Кандидатот за иден премиер, Кирил Петков рече дека се надева оти во блиска иднина ќе го претстават владиниот проект заснован на коалиција од четири партии и коалиции. Како што јавуваат бугарските медиуми, формулата за распределба на мандатите во идната коалициска влада за која што се разговара е 10-4-4-3, односно 10 места во владата за „Продолжуваме со промената“, по четири места за БСП и Има таков народ и три за Демократска Бугарија.

Иако местата уште не се прецизирани, медиумите најавуваат дека „Продолжуваме со промените “ ќе има 10 места, заедно со премиерот Кирил Петков и двајца вицепремиери – Асен Василев кој ќе биде и министер за финансии, и Калина Константинова која како вицепремиер ќе биде одговорна и за административната реформа.

„Продолжуваме со промените“ треба да ги добие и ресорите образование и внатрешни работи кои би ги воделе Николај Денков и Бојко Рашков, потоа Министерството за одбарана на чие чело би бил актуелниот технички премиер Стефан Јанев, како и министерствата за транспорт, култура и здравство. Министерството за економија би се поделило на две, едното за раст и иновации кое би го водел Даниел Лорер и другото кое што ќе раководи со државните претпријатија. Тоа оди кај БСП и за ова министерство се споменува името на Корнелија Нинова, која треба да биде и вицепремиерка. Левицата го добива и министерствата за земјоделие, туризам и социјална политика.

Демократска Бугарија треба да го добие министерствата за павосудство, за електронско управување и дигитализација и за екологија, а министерот за екологија ќе биде и вицепремиер за климатски промени.

За Има таков народ на Слави Трифонов, наводно се предвидени министерствата за надворешни работи, за енергетика, спорт и за регионален развој за кое што се наведува дека фаворит е поранешниот пратеник од Реформскиот блок, Гроздан Караџов. Но, од Има таков народ сѐ уште не дале согласност да имаат и вицепремиер.

Доколку Има таков наод го добие Министерството за надворешни работи, изборот на Трифонов (се споменува името на Димитар Гардев) ќе биде директниот преговарач со Македонија за решавање на билатералниот спор кој беше причина за бугарското вето во ЕУ за почеток на нашите преговори со ЕУ.

Претседателот на партијата, Трифонов досега повеќе пати го искажал својот став за Македонија што не дава голема надеж дека неговиот избор за МНР ќе има поинакво мислење.

Кога се говори за Трифонов, поранешниот македонски амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев вели дека во секој настап се потсмева со Македонците како народ, односно настапува со чудна мешавина на потсмев и презир. Остана забележан неговиот став за прашањето во однос на Македонија од лани во ноември кога порача дека „бугарскиот предлог за Северна Македонија, да се признае јазикот и нацијата со признавање на бугарските корени е најдоброто што можат да го добијат“. Тогаш тој на македонските граѓани им постави прашање: „Зошто, кога не нарекувате Цигани и Татари стоите во ред за наши (бугарски) пасоши и учите на нашите универзитети?“.

Еве што напиша тогаш Трифонов:

„Предлогот до Македонците, оп... извинете – северномакедонците, ако ги признаат своите историски бугарски корени, и ние ја признаеме моменталната состојба на работите, а моменталната состојба е да ги признаеме македонскиот јазик и нација, тоа е за нив најдобриот предлог којшто можат да го добијат.

И тоа во ситуација кога целата нивна сегашна државичка се заснова на антибугарска реторика, нарекувајќи нè нас Бугарите-цигани и татари.

Почитувани Македонци, извинете – северномакедонци, ќе се навикнам, но ми треба време, да бидам искрен, јас сум многу толерантна личност, но сè има свои граници.

Ве гледам како чекате за бугарски пасоши, гледам како доаѓате на бугарското Црно море и бугарските летувалишта, гледам како вашите деца доаѓаат да учат на бугарските универзитети, гледам како мислите дека ‘Јовано, Јованке‘ е македонска, извинете, северномакедонска песна, и се прашувам – зошто бе луѓе? Нели сме Цигани и Татари?

Значи, сакате цигански пасоши, доаѓате на татарското Црно Море, студирате на цигански универзитети и ‘Јовано, Јованке‘ е на крајот циганска песна ( да ми простат Циганите – тој толку емотивен и раселен народ низ целиот свет) Така што Северна Македонија нема да добие подобар компромис и ако не се усогласи со нејзините историски бугарски корени, таа ќе постои надвор од Европската унија. Толку!“.

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе