На потегот од хотел „Метропол“ до Пештани

Се отстрануваат бесправни објекти, плажите и паркингот ќе се користат бесплатно

Непрекинато течат активностите за отстанување на бесправните градби кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, а во моментот се работи на отстранување на бесправните објекти на плажите на потегот од хотел „Метропол" до селото Пештани, информира Општина Охрид. На плажите ќе се влегува бесплатно и нема да се наплаќа за паркирање. 

„Општина Охрид конечно воведува ред на охридското крајбрежје, кое долги години наназад беше узурпирано. Плажите се осободуваат од нелегални градби, платформи, ѕидови и овозможуваме нивно непречено користење. Граѓаните ќе можат слободно да ги користат плажите без нелегално наплаќање на влез, лежалки и паркинг“, информира за МКД.мк службата за односи со јавноста на општината.

Велат дека во активностите за отстранување на овие објеки се опфатени физички или правни лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.

„На локациите каде што ќе се отстрануваат нелегалните градби тековно ќе се врши уредување на просторот согласно препораките на УНЕСКО и Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион“, информираат од општината и нагласуваат дека активностите за отстранување на бесправните градби ќе продолжат тековно и последователно додека не биде отстранети сите објекти кои ја загрозуваат животната средина и ги деградираат уникатните аспекти на регионот.

Со овие активности на терен, општината во координација со Владата ќе продожи да работи на исполнување на препораките на УНЕСКО, на имплементацијата на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

П.Џ.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе