ДУИ со поддршка за шестиот пакет мерки

Се обезбедува финансиска поддршка за ресторани, фитнес-центри, туристички агенции, ноќни клубови...

Демократската унија за интеграција го поздравува усвојувањето на шестиот пакет на економски мерки што денес ги поминаа филтрите на Владата. Од таму велат дека со оглед на состојбата и влијанието на кризата предизвикана од ковид-19, континуирано и внимателно ги следеа економските параметри, но исто така преку консултации со сите чинители во општеството заедно процениле дека на земјата и треба одобрување на друг економски пакет, шести пакет со цел полесно справување и надминување на кризата.

„Демократската унија за интеграција како политичка партија ги поддржува сите законски иницијативи и проекти кои се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го и усвојувањето на шестиот пакет економски мерки насочени кон поддршка на компаниите кои беа целосно затворени со цел да се спречи ширењето на ковид-19 во текот на април оваа година и да се подобри ликвидноста на компаниите што ќе инвестираат во текот на 2021 година. Не радува фактот дека шестиот пакет економски мерки ќе обезбеди кредити за финансиска поддршка на радиодифузерите со цел да помогне во намалувањето на последиците предизвикани од ковид-19. Исто така ќе биде поддржана и ликвидноста на компаниите што ги реинвестира своите профити за 2019 година, финансиски ќе бидат поддржани околу 6.000 компании или гастрономски објекти регистрирани со приоритетните работни кодови: 56.10, 56.29, 56.30“, соопштуваат од Демократската унија за интеграција. 

Со овој економски пакет велат, се обезбедува финансиска поддршка за свадбени ресторани, индустрија за организација на настани, игралишта, фитнес центри, ноќни клубови и туристички агенции, не заборавајќи ја финансиската поддршка за естрадните музичари (786 музичари, физички лица) и туристичките водичи за (110, физички лица).

Демократската Унија за Интеграција проценува дека со одобрување на пете економски мерки од страна на Владата, но и со имплементација на шестиот пакет што денеска помина во Владата, ја поддржуваат економијата на земјата и нашите граѓани директно погодени од кризата предизвика ковид-19.

 

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе