Лидерот на ДС на денешната вакцинација

Се наредивме да се вакцинираме, ама сме дискриминирани, граѓаните можат да бираат вакцина, а пратениците не, реагира Трајановски

Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, на денешното вакцинирање во арената „Борис Трајковски“ реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи немале право на избор, што важи за останатите граѓани и дополни дека тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската вакцина Спутник V. 

„Мислам дека се пратениците се целосно дискриминирани, затоа што ние немаме право на избор. Граѓаните се во предност бидејќи имаат право на избор. Гледам дека има и Фајзер, а во следните денови најверојатно ќе има и друга вакцина, како и Астразенека. Пратениците се насочени да бидат вакцинирани со Спутник V, Можеме да почекаме и да одложиме, но по функција за да може Парламентот да функционира, еве се наредивме тука да се вакцинираме", рече Трајановски по вакцинирањето.

Трајанов рече дека тоа е став и на другите пратеници но не смеат да го искажат откако ја примија.

„Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара, нагласува Трајанов. 

Претседателот на парламентот Талат Џафери рече дека очекува со завршувањето на процесот на вакцинација на пратениците и претходно започнатата имунизација на вработените во собраниските служби, да се нормализира работата на Собранието веќе од втората половина на мај и тоа да се врати во служба на граѓаните.

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе