Се конституира Комисијата за одликувања и признанија на претседателот на Македонија

Денеска се одржа конститутивната седница на Комисијата за одликувања и признанија, работно тело на македонскиот претседател на која присуствуваше претседателот Стево Пендаровски. За претседател на Комисијата е именуван Марјан Ѓуровски, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова, Дарко Панчев, Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски.

Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа и посочи дека при носењето на одлуката за составот на Комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за земјава, се вели во соопштението од кабинетот на Пендаровски.

 

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе