Реакција

Се јави културниот центар „Ванчо Михајлов“: Путин го создаде Донбас, Тито - Македонија

Историскиот лик Ванчо Михајлов е продолжувач на делото на Гоце Делчев и Даме Груев. Како што Путин го создаде Донбас, така Тито ја создаде Македонија, нашата окупирана татковина, се вели во реакцијата на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола, кој вчера беше отворен од бугарскиот државен врв.

„Се разбира - и дека Бугарите биле фашисти! Но, тоа веќе болно го знаеме од судењата низ кои поминаа илјадници и илјадници македонски патриоти во последните децении под обвинение дека се фашисти затоа што не го криеја своето бугарско достоинство и омраза кон југословенскиот окупатор. И така вчера повторно ги видовме, истите полуживи соработници на југословенскиот режим. Целта на скандалот беше да се засени фактот дека стотици македонски Бугари дојдоа да ја видат бугарската делегација и особено официјално да го отворат клубот кој со гордост го носи името на легендарниот водач на вистинската историска ВМРО – Иван Михајлов, наследникот на Гоце, Даме и на Тодор Александров. Но, ништо не успеа да го исплаши мнозинството македонски патриоти, кои дојдоа да покажат дека и покрај манипулацијата со пописот, и покрај лажните податоци од него, ние сме многу. И ние не се плашиме“, се вели во соопштението на клубот.

Оттаму велат дека како што за рускиот претседател Владимир Путин „жртвите во Донбас се фашисти, така и во Македонија бугарскиот идентитет е прогласен за фашизам“.

„Несомнено, денес, како и Путин, кој жртвите на неговата криминална агресија ги прогласува за ‘фашисти’, и сè уште живите делови од југословенската сатрапија во нашата Македонија (сега ‘Северна’) го дефинираат како фашизам неизбежното враќање на бугарскиот идентитет во Битола, Охрид, Велес, Штип... во сета наша напатена Македонија. Оваа коинциденција не е ни случајна, ниту изненадувачка. Тие се браќа по оружје и браќа за криминал. Како што Путин ги создаде Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република во окупираниот Донбас, така и Тито ја создаде Македонската Народна Република во нашата окупирана татковина“, се вели во соопштението на клубот „Ванчо Михајлов“.

Отворањето на овој клуб во Битола предизвика бројни реакции во македонската јавност која е против регистрацијата на здружение со такво име, име на докажан соработник на хитлеровиот нацистички режим.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе