Собраниска комисија

Се чека барањето од судот за да се расправа за одземање на имунитетот на Вељаноски

Собраниската Комисија за мандатно-имунитетни прашања може уште денеска да расправа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски, доколку стигне барањето од судот.

„Барањето од судот се уште не е стигнато“, кусо ни изјави претседателот на Комисијата, Павле Богоевски.

Според Деловникот, откако Комисијата ќе донесе предлог-одлука се закажува пленарна седница на Собранието, која не треба да се одржи повеќе од три дена по добивањето на барањето од судот и на која ќе се расправа за предлог-одлуката до Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.

Доколку се донесе одлука за одземање на имунитетот на пратеникот и поранешен претседател на Собранието Вељаноски, тој ќе може да оди во притвор, како осомничен за организирање на настаните од 27 април.

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе