СДСМ: Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против концептот едно општество за сите, a Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, истакнуваат од политичката партија СДСМ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против концептот едно општество за сите, концепт што граѓаните силно го поддржаа на последните неколку избори. Криминалната ВМРО ДПМНЕ позната по 11 годишното криминално владеење и беззаконие, денес, повторно повикува на непочитување на законите во државата. Шефот на Мицкоски од Будимпешта се уште дава насоки, а Мицкоски ревносно ги следи и дејствува на штета на државата и граѓаните. Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот и е сериозен придонес во градењето на концептот едно општество за сите граѓани“ истакнуваат од СДСМ.

Според нив со законот целосно се гарантира употребата на македонскиот јазик.

„Со унапредувањето на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка, а Законот целосно ја гарантира соодветната употреба на македонскиот јазик“, велат од СДСМ.

 

Со потпишувањето на Преспанскиот договор се чинеше дека се отстрани единствената пречка за македонската интеграција во ЕУ и НАТО.

повеќе

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе